Вести Македонија Најважни

Кога сè е наопаку, дното е на површина – Ивановска од ДКСК му возврати на Груби

Кога сè е наопаку, дното е на површина. Ваква порака преку својот Фејсбук профил упати претседателката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Билјана Ивановска, како реакција на изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби кој изјави дека е незадоволен со работата на членовите на ДКСК и истата ја оцени со зборовите: „Не ги бива“.

„Зачудува фактот што оваа оценка на Европската комисија (ЕК), како највисоко тело на Европската унија (ЕУ), Вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а истовремено се залагате за брз влез во ЕУ. ДКСК е независна институција, со надлежност да постапува по предмети за избрани и именувани функционери. Квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста“, се вели во соопштението на Антикорупциска како одговор на Груби. 

Груби вчера ги отфрли меѓународните согледувања. Рече дека огромно мнозинство од случаите се или изгубени во административни постапки или отфрлени од страна на судиите за тоа што го работи ДКСК.

Антикорупциска инаку има отворен е предмет за користењето на Груби на службени возила за партиски цели, а јавно соопшти и критика дека во канцеларијата на Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се одржуваат и партиски состаноци и приеми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК однесена во Кривичен

Дејан Дејан

Битката со канцер низ солзи раскажана пред камерата на Телма

Дејан Дејан

Висат ли проектите поради одземените лиценци во градежништвото?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе