Вести Македонија

Арсовска ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека прават хаос Скопје за да ја дефокусираат јавноста од тоа како да ги направат уставните измени

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се здружиле за да ја блокираат нејзината програма. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Арсовска рече и дека причина за тоа е што од самото осамостојување на државата на грањаните им се продава гол популизам од страна на секој премиер, министер и градоначалник.

Многу е тешко кога имате две најголеми политички партии во Македонија, кои што имаат само еден заеднички непријател во овој момент. Мое лично мислење е дека тие се фокусираат да прават хаос низ градот Скопје и да не ги гласаат проектите затоа што сакаат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми во државата, а тоа е како здружено да го сменат Уставот, но тоа е друга тема. Оваа тема е, доколку сакаат да се реализираат, тие треба да гласаат во тој Совет, а јас како знам и умеам ќе ги реализирам сите оние проекти кои што ги имам ветено пред граѓаните, рече арсовска.

Иако прашана повеќе пати, таа не сакаше да открие како толку брзо се распадна соработката со ВМРО-ДПМНЕ. Откако ја поддржаа на локалните избори, Арсовска ја обвини најголемата опозициска партија дека нејзините директори биле „фатени со рачињата во медот“, а претседателот на партијата Христијан Мицкоски го нарече „рекет број еден“ во Македонија.

Немам потреба метафорите да ги образлагам, ако на цела Македонија, на 2 милиони граѓани им е јасно за што јас зборувам, немам потреба што понатаму да образложувам, рече Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе