Вести Македонија

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите со 90% установи во лоша состојба

Македонија го одбележува 18 мај- Меѓународниот ден на музеите со 90% установи од овој вид во лоша состојба. Тие се соочуваат со проблеми со инфраструктурата, депоата, но и со измешани надлежности.

Постојат национални музеи под централната власт, национални музеи под локалната власт и локални музеи под локалната власт.

А, тоа создава лоши условите за работа , вели историчарката на уметност и археолог, Никица Корубин.

„Не станува збор секогаш само за висината на платите на вработените, која е легитимна , се разбира. Туку и условите во кои работат, а условите се за жал, многу лоши“ – вели Корубин.

Меѓународниот совет на музеите- ИКОМ, го одбележува Меѓународниот ден на музеите со темата „ Музеи, одржливост и благосостојба.

„Ние сме на ниво каде што не можеме да ги одржиме самите музеи како институции да функционираат. Тоа е така затоа што државата реално нема грижа за културното наследство, вклучително нема грижа ни за музеите“ – додава Корубин.

Во стекнувањето навика за посетување на музеите треба да се вклучи и образовниот систем, велат од Музејот на Македонија.

„Сметам дека недостасува повеќе едукација на младите луѓе , да се создаде навика за одење во музеи. Ние имаме што да понудиме, имаме кадар, знаеме да поставиме што треба да поставиме, но сепак треба сите да се вклучат во овие процеси“ – изјави в.д. директорот на Музејот на Македонија, Илија Цурев.

А, Музејот на Македонија од денеска до крајот на летото за посетителите ја нуди изложбата со која некогашниот Историски музеј, денес историски оддел во рамките на музејскиот комплекс, одбележува 70 години од формирањето.

На изложбата се поставени документи, плакати , слики и други артефакти кои до сега не биле извадени од депото. Датираат од средниот век до поновата историја.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

ИНЖЕНЕРИ: Владата озаконува паушални фактури за струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе