Македонската машка ракометна репрезентација во последниот настап од квалификациите за Европското првенство ја совлада Турција со 30:27 и обезбеди ново учество на големите натпреварувања.
Нашиот состав до победата стигна потешко од очекувањата, но и покрај водството на гостите во вториот дел кое стигна и до четири гола, сепак на крајот забележавме победа.
Најефикасни во нашиот состав со по пет гола беа Марко Митев и Жарко Пешевски додека голманот Мартин Томовски забележа 15 интервенции
ФОТО: Игор Паневски