Ракомет Спорт

Без Савревски и Павле Атанасијевиќ против Луксембург

Македонската ракометна репрезентација вечерва во 20:15 часот гостува кај Луксембург во рамки на претпоследното коло во квалификациите за Европското првенство. Потребни ни се две победи за да го завериме пласманот на турнирот во Германија што ќе се одржи идната година во јануари.

Квалификациите ги почнавме со две лесни победи против Луксембург дома и Турција на гостински терен, па сега против овие два противници ќе мораме повторно да победиме за да го завериме второто место на табелата во групата 1. Во март ги загубивме двата дуели со Португалија, па очекувано немаме шанси за првото место.

Селекторот Кирил Лазаров сега повторно на располагање ги има Филип Талески и Гоце Георгиевски, кој ќе ги одигра последните два репрезентативни натпревари по што најави пензија. Лазаров за вечерашниот натпревар од оние ракометари кои отпатуваа за Луксембург надвор од составот ги остави Давид Савревски и Павле Атанасијевиќ.

Во недела во Скопје го играме последниот натпревар во овие евроквалификаци, кога во „Борис Трајковски“ ја пречекуваме Турција со почеток од 18 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе