Топ тема

Топ Тема (11.04.2023): Зошто договорот со „Бехтел и Енка“ сеуште се држи во тајност?

Законски измени на „брза лента“ за Коридорот 8. Дали Уставниот суд повторно ќе треба да одлучува за работното време? Антикорупционерите побараа јавна расправа, колкав е ризикот од корупција во случајот? Зошто договорот со „Бехтел и Енка“ сеуште се држи во тајност? Националната стратегија за борба против корупцијата постои само на хартија, колку можат да постигнат антикорупционерите кои речиси се оставени сами. Ќе има ли уставни измени? Во Топ Тема гости на Огнен Чанчаревиќ се Горан Трпеноски – член на ДКСК, Миле Лефков – пратеник од ВМРО – ДПМНЕ и Љупчо Балкоски – пратеник ВМРО – НП.
Државната комисија за спречување корупција гледа многу можности за злоупотреби и има сериозни забелешки за предложените законски измени, според владата, неопходни за изградбата на коридорите 8 и 10д. Како клучен се наметна Законот за работни односи каде измените предвидуваат дополнителни работни часови за работниците на Коридорот 8.
  • Тука има голем простор за ризик од корупција, секој исклучот од правото носи правна нестабилност. Сега, одлуките на Уставниот суд се конечни и не се коментираат, но секој исклучок од правото, не само за овој случај, има и други исклучоци кои што се направени е многу опасно. Тоа носи правна нестабилност, селективна примена на правото од било која власт, и тоа е една од главните причини во Македонија да дојдат сериозни инвеститори, не во слободните зони, бидејќи нема правна сигурност. Тој што сака да инвестира 20, 30, 50 милиони евра му треба одреден период на правна сигурност, смета антикорупцонерот Трпеноски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Лефков, инсистира дека владата со својот демант всушност ги потврдува обвинувањата дека во договорот се предвидени големи пенали за Македонија, доколку во предвидениот рок не бидат усвоени законските измени.

Пратеникот од ВМРО-НП, Љупчо Балковски смета дека овие предлог закони, а особено предлогот за измени во Законот за работни односи, се во спротивност со европското право.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Таравари е завршена работа за „Вреди“

Дејан Дејан

Топ Тема дебата за слободата на медиумите во Македонија

Дејан Дејан

Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе