Вести Македонија

Лефков: Уставните измени не можат да се случат без да излеземе на избори

Уставните измени не се возможни во овој пратенички состав, оцени пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Во вечерашната Топ Тема на Телма тој рече дека уставните измени не се можни без претходно одржување на парламентарни избори.

Уставни измени не можат да се случат во овој пратенички мандат, не можат да се случат без да излеземе на избори и да ги понудиме нашите решенија. Кога ќе дојде време за избори ние како најголема опозициона партија ќе ги понудиме нашите решенија, ќе ги повикаме граѓаните, и знаеме дека ќе ја добиеме целосната поддршка и конечно ќе го решиме овој проблем онака како што доликува, достоинствено. А тоа сигурно не е решението на Заев и на Бојко Борисов, инсистира Лефков.

Спротивно на него, пратеникот Љупчо Балковски од ВМРО-НП која е дел од владејачката коалиција, смета дека уставните измени треба да бидат донесени во најкраток можен рок.

Ние сме на ставот за што побзо донесување на уставните измени. Значи да не го чекаме крајниот рок ноември 2023 година, со завршување на скринингот, туку да покажеме зрелост, да покажеме одлучност према ЕУ дека сакаме да бидеме членка, рече Балковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе