Вести Македонија Топ вести

Мицкоски веднаш прифаќа промена на Устав по хрватски терк

„Еден народ и малцинства“. Опозицискиот лидер веднаш прифаќа промена на Преамбулата во Уставот по хрватски терк. Но, предупредува дека, тие што го заговараат тоа, не го прочитале убаво хрватскиот Устав и најверојатно ќе се покајат.

Во хрватската Преамбула стои дека, „Република Хрватска е основана како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства: Срби, Чеси, Словаци, Италијанци, Унгарци, Евреи и така натаму. Спомнати се 22 заедници, меѓу кои и Македонци и Бугари.

Големиот број на спомнатите малцинства се главниот агрумент на ЕУ, а по нив и на СДСМ за убедување дека нема да се случи ништо страшно ако се внесат Бугарите во највисокиот македонски законодавен акт. Беше даден како пример и од шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, при неодамнешното гостување во Македонија, а деновиве, при гостување на Телма,  го спомна и заменик-министерката за правда, Викторија Мадиќ.

Опозицискиот лидер, сепак, повтори дека во овој парламентарен состав нема да има уставни измени.

Го нарече циркус и предлогот на министерот за правда за зголемување на бројот на изборните единици, од шест на осум.Им порача првин да се договорат во коалицијата, затоа што имаат партии кои бараат една или три изборни единици, да изградат заеднички став, па потоа ќе се изјасни за него.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преодна стабилизација – Временска прогноза за 14.5.2025

Дејан Дејан

Меџити со порака до Таравари: Ти не ја напушташ владата, ти ја предаде владата

Дејан Дејан

Кос: Преку шесте милијарди евра од Инструментот за реформи и раст до значителен развој за Западниот Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе