Вести Најважни Свет

Вучиќ: Имав болки во десната рака и не можев да потпишам – а потпишувам со десна

Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обрати на јавноста, ден по маратонските разговори со претставниците на ЕУ и САД и премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, во Охрид. На прес конференција за јавноста Вучиќ го прочита текстот на анексот кој вчера беше договорен меѓу двете страни.

Според него овој документ од Договорот со кој двете страни се обврзуваат да ги почитуваат сите членови од Договорот и да ги спроведат сите свои обврски кои произлегуваат од него и Анексот брзо и со добра волја.

– Страните се договорија во рок од 30 дена да формираат Заеднички комитет за следење, со кој претседава ЕУ. Спроведувањето на сите одредби ќе биде обезбедено и надгледувано од Заедничкиот комитет за следење, информираше Вучиќ.

Вучиќ вели дека синоќа во Охрид не потпишал ништпо првенствено поради тоа што Србија е призната држава, додека Косово не е призната држава.

– Не потпишав затоа што не сакам да склучам меѓународен правен договор со Косово, внимателно и дисциплинирано се грижам за секој збор што ќе го кажам, тешко е да се докаже дека договорот постои без потпис, но на секое место. Зборувам недвосмислено за црвените линии на Србија кои се однесуваат на недвосмислено непризнавање на Косово, порача српскиот претседател Вучиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе