Црвена линија

Црвена линија с.3 е.112, денеска во 16:15

Собранието на почетокот на ноември минатата година ги усвои измените на Законот за здруженија и фондации според кои се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл.
Дали ќе се променат спорните имиња на клубовите останува енигма. Рокот е денеска, 16 февруари. Од двата клуба со спорни имиња, едниот клуб побрал промена на името, а од другиот клуб немаат поднесено барање.
А, во Македонија сè е поголем бројот на бугарски здруженија и подружници.
Албанци од Гостивар формираа подружница на „Здружението на Бугари – ШЕМЕТО“ со седиште во Лабуништа, Струга, формирано од Албанци со бугарска самосвест, во март 2022 година.
По едно здружение има во Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци, Куманово, две во Охрид и Струмица.
Вчера, Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со претставници на организации на бугарската заедница кои побарале смирување на тензиите на релација Скопје-Софија.
Но, провокациие продолжуваат.
Нова изјава на Христијан Пендиков: Во Македонија е нормално да те тепаат, да те пцујат и да те стрелаат затоа што си Бугарин!
Има ли вистина во оваа изјава или е дадена со намера да се подигне тензија пред новите средби на комисиите за историја?
Законот за именување на клубови и здруженија е донесен, но дали ќе се примени ако не се променат спорните имиња?
Анкета: Дали со вметнување на Бугарите во Уставот ќе се реши проблемот? ДА/ НЕ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црвена линија с5. е147 денеска во 16:15 (09 мај ’25)

Дејан Дејан

Црвена линија с5. е146 денеска во 16:15 (08 мај ’25)

Дејан Дејан

Црвена линија с5. е145 денеска во 16:15 (07 мај ’25)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе