На 27 декември 2022, во Црвена линија, с.3 е.77, темата беше: Цистична фиброза – болест за која има лек. Лекот е скап, но колку е цената на еден човечки живот?
Оттогаш поминаа 44 дена, а во натпреварот:
Цистична фиброза – Влада на Република Северна Македонија, резултатот е 1 : 0.
Натпревар во кој губат граѓаните.
Дали некогаш сте се запрашале колку им е тешко на оние кои боледуваат од неизлечиви болести и секојдневно се будат со мислата дека денес им е последен ден во животот, а имаат 10, 15, 20 години…?
Во светот се претпоставува дека има 70.000 илјади болни од Цистична фиброза, од кои 30.000 во САД. Лекот за Цистична фиброза е скап, но, во нашето опкружување, на пациентите им е достапен бесплатно.
Да повториме: Во нашето опкружување Бугарија, Србија, Грција… лекот за оваа болест им е достапен на болните, кај нас, за жал не е.
Нашите болни се оставени на милост и немилост. Има ли спас за овие 129 луѓе?
Уште за колку други болести нема лекови дури и кога се на позитивната листа?
Раководи ли некој со министерството за здравство?
Анкета: Дали би се согласиле да се зголеми придонесот за здравство? ДА/НЕ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.