Вести Македонија

Јавното комунално претпријатие „Тетово“ тоне во долгови

Тетовчани сметаат дека хигиената во градот не е на задоволително ниво. Смет се фрла секаде, на тревници, тротоари, а улиците од прашина ги мие само дождот. Дел од граѓаните, пак, велат дека има подобрување во работата на комуналците за разлика од предходно, но секогаш може повеќе.

Јавното комунално претпријатие „Тетово“ тоне во долгови, а вработените имаат нередовни плати, кои доцнат и по неколку месеци, поради што во неколку наврати протестираа.

Од раководствто велат дека поефикасно ќе работат откако ќе започнат да фунционираат одделно двете нови претпријатија – за водовод и канализација и за комуналии, чие формирање е во тек.

„Се што се издвојува добива поголема специјалност, подобра организираност, поквалитетна услуга кон граѓанинот. Нормално тука ќе се подобрат и финансиските услови на тие претпријатија и стопанисувањето нивно ќе биде поедноставно, затоа што ќе бидат помали и помоќни“, вели Љуљзим Шаќири од Јавно комунално претпријатие „Тетово“.

Одлуката за формирање на Јавнотот претпријатие „Шари“ и Трговското друштво „Оенеум“ помина на Седница на Совет, по пријавата во Централен регистер, а тетовските советници треба да го изгласаат и формирањето на одборите кои ќе управуваат со нив.

Во рамки на постоечкото остануваат секторите паркови и зеленило, православни гробишта и пазар.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе