Вести Македонија Најважни

Нов безбедносен пропуст: Затворениот дел од седницата за Онишченко пренесуван во живо на интернет

Нов огромен пропуст поврзан со македонската разузнавачка заедница откако преку Youtube каналот на Собранието се пренесуваше во живо исказот на директорот на АНБ, Виктор Димовски за скандалот со Онишченко иако седницата на надзорната комисија беше затворена поради користење на класифицирани информации.

Во моментот Димовски и претседателот на собраниската комисија, пратеникот Љупчо Пренџов се во кабинетот на спикерот Талат Џафери за да одлучат дали ќе продолжи реферирањето за случајот Онишченко.

Собраниските служби веќе ја заклучија салата број 4 каде што се одржуваше надзорната комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе