Церемонијата на погребот на кралицата во Лондон е почнат рано утрово. На наредниот линк е преносот во живо на YT каналот на Кралското семејство.
По линкот се вестите на Телма поврзани со церемонијата.
Граѓани, светски лидери и членовите на кралското семејство денеска се збогуваат со кралицата Елизабета Втора, која помина седум децении на британскиот трон. Стотици илјади одаваа почит на кралицата, а илјадници веќе стојат низ улиците на Лондон откако уште во текот на ноќта ги зазедоа своите позиции.
На Телма вечерва во 19:15 ЕКСКЛУЗИВНО-ПОСЛЕДНИТЕ БИТКИ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА Документарен филм со соговорници од нејзиното најблиско опкружување.
Што содржи протоколот за погребот на кралицата- од државни почести до приватно испраќање.
Поради големите нарачки, околу 100 работнички се принудени да работат по 14 часа дневно, а покрај машините се од 7:30 наутро. Во првата недела по смртта на кралицата, до 15-ти септември успеале да направат околу половина милион британски знамиња.
(ВИДЕО) Едноминутно молчење во спомен на Кралицата Елизабета Втора
Приказна за британската кралска круна и тежината на моќта. Кралицата иронично има кажано дека ако погледнете надолу додека ја носите круната може да ви се скине вратот. Поради големата тежина таа престана да ја носи круната кога наполни 90 години.