Вести Свет

Смртта на британската кралица ги преоптерети фабриките за знамиња во Кина- илјадници британски „Union Jack“ се шијат во Шаоксинг

Фабриките во Кина се пренатрупани со нарачки за изработка на британски знамиња по смртта на кралицата Елизабета II.

Само 90 минути по објавената информација за упокојувањето на 96-годишната кралица, фабриката во Шаоксинг била натрупана со нарачки за знамиња на Велика Британија. Фабриката во тој момент изработувала знамиња и сувенири за претстојниот Мундијал во фудбал во Катар.

Но веднаш ја прекинале работата на таа бизнис зделка и се префрлиле на шиење на бритнаксите знамиња познати и како Union Jack. Нарачателите биле нестрпливи, објаснуваат во фабриката. Знамињата биле земани директно од машините.

-Клиентот имаше итна потреба. Немавме доволно време. Клиентот дојде директно во нашата фабрика за да ги земе производите. Бидејќи немаше доволно време, многу од знамињата не беа ни спакувани. Ги ставија во кутија и ги однесоа, вели Фан Аипинг, генерален менаџер во фабриката Шаоксинг.

Преку својата работа, работничките во фабриката дознале што се случува во илјадници километри далечниот Лондон и Британија.

-Преку знамињата дознавме за многу актуелни настани. Тоа на некој начин е добро бидејќи си го проширувам знаењето. Дури сум и горда и среќна што учествувам во правењето на знамињата, изјави Ни Гуо Жен, работничка во фабриката.

Поради големите нарачки, околу 100 работнички се принудени да работат по 14 часа дневно, а покрај машините се од 7:30 наутро.

Во првата недела по смртта на кралицата, до 15-ти септември успеале да направат околу половина милион британски знамиња. Првата нарачка била во 2 часот наутро по кинеско време кога била објавена смртта на кралицата и веднаш бил испразнет магацинот од британски знамиња, сите 20 илјади парчиња веднаш биле испратени кон Британија.

Кинезите веднаш го прошириле асортиманот, покрај обичните британски знамиња сега тие се надополнети со ликот на кралицата или пак со годините на раѓањето и на смртта на Елизабета Втора.

Едно знаме (има големини од 21 до 150 сантиметри) чини 7 кинески јуани, што е околу 1 долар односно околу 60 македонски денари.

Голем дел веќе се веат по улиците низ Британија и меѓу оние кои и одаваат почит и изразуваат сочувство и жалење.

ВО ЖИВО: Погребот на кралицата Елизабета Втора

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растaт на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе