Вести Македонија

За помалку од две години, 85 пресуди за кражба на струја во Скопје, нема затвор само условни и парични казни

Во последните 20 месеци скопскиот кривичен суд изрекол вкупно 85 пресуди за кривично дело-кражба на струја. Има поголем број на пресуди од примени предмети односно во периодот од лани во јануари до август оваа година биле поднесени 62 обвинителни акти за кражба на струја.

Во конкретниот период кривичниот суд на 74-ца обвинети, граѓани или фирми, им определил условени казни затвор доколку не ја платат пресудената парична казна.  Ова е најчестата казна за кражба на струја која ја судат скопските кривични судии. Двајца се осудени на условна казна, за 5-мина е запрена постапката или тужителот, ЕВН се повлекол од пријавата.

Законски за делото кражба на струја со диво приклучување е предвидена и затворска казна до 3 години и парична казна, но судот во Скопје главно пресудува без затвор. Најголем дел од крадците на струја не се повратници и за првпат им се суди во кривичен процес.

СТАТИСТИКА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО КРАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ИЛИ ПРИРОДЕН ГАС СПОРЕД ЧЛЕН 235-А ОД КЗ

ГОДИНА                   2021         2022

ПРИМЕНИ                  38              24

РЕШЕНИ                      59             26

ПРАВОСИЛНИ            57             21

-Во текот на анализираниот период решавани се и станaлe правосилни предмети кои биле примени во работа, по добиени обвинителни предлози или акти, од претходните години. Во најголем број случаи обвинетите физички  и правни лица не се повратници односно за прв пат се во судир со законот, а паричните казни се движеле во законски утврдените рамки, одговорија од кривичниот суд во Скопје.

ВИД ОДЛУКА

2021 год.

За 54 лица Условена казна затвор и дополнителна парична казна, за 2 лица условна осуда, за 2 лица запрена постапка, за 1 лице тужителот се повлекува.

2022 год.

За 20 лица Условена казна затвор и дополнителна парична казна, за 1 лице запрена постапка. (Податоци од Кривичен суд Скопје)

Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас (Кривичен законик)

Член 235- а

(1) Тој што со приклучување без согласност на соодветниот оператор на системот, со превземање пред уред за мерење, со отстранување, онеспособување, премостување, промени и слично ракување со уред за мерење или на друг начин неовластено ќе користи електрична енергија, топлинска енергија или природен гас, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе се казни со затвор до три години и со парична казна.

(2) Ако вредноста на украдената електрична енергија, топлинска енергија или природен гас е поголема, сторителот ќе се казни со затвор до пет години и со парична казна. .

(3) Обидот за делата од ставовите (1) и (2) на овој член е казнив.

(4) Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити, Касами и Ибрахими во Владата на средба со Мицковски

Дејан Дејан

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Дејан Дејан

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе