Вести Свет

Финска одби да ги испорача луѓето кои Анкара ги бара за да го смени ставот за членство во НАТО

Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лицата кои Анкара ги смета за членови на терористички организации.

„Финска не се согласи да и испорача на Турција луѓе кои, според Турција, биле поврзани со движењето на проповедникот Фетула Ѓулен или со курдската организација ПКК, кои тие ги сметаат за терористи“, пишува финскиот весник „Иле“.

Станува збор за барања за екстрадиција што Турција ги достави до Финска од 2019 до 2022 година.

До почетокот на јуни оваа година, Финска доби десет барања за екстрадиција од Турција.

„Финска екстрадираше две лица, но според документите за овие екстрадиции, се чини дека нема знаци на тероризам“, се наведува во соопштението на финскиот весник.

Турција, меѓу другите, бара екстрадиција од Финска на еден човек осуден за палење на амбасадата во Хелсинки.

Анкара засега го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО затоа што смета дека двете земји ги поддржуваат и им даваат засолниште на луѓе што Турција ги бара.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе