Вести Македонија Најважни

СПЦ со благослов ја одобри автокефалноста на МПЦ – ОА

Конечно почнува да се гледа крајот на патот кон автокефалснота на македонската црква. Пат кој свештенството, верниците и граѓаните го чекорат повеќе од 55 години. СПЦ ја одбри и ја благослови  автокефалноста на МПЦ – ОА и ќе достави барање до Вселенската патријаршијаза давање на томос на МПЦ – ОА.

Веста дека СПЦ застанува заедно со македонската црква во борба за автокефалност ја соопшти денеска, на заедничката литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, поглаварот на СПЦ, Патријархот г.г. Порфириј. Во своето обраќање тој кажа дека пред нашите очи се случува чудо и дека ние сите сме дел од тоа чудо како и дека на двете литургии, и на оваа во Скопје и на онаа во храмот Свети Сава во Белград видел многу љубов во очите на верниците.

„А сега браќа и сестри дојдвме овде и да донесен уште една радост.Светиот архиерејски сабор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на МПЦ – ОА, Соборот на Црквата го благословува и го одобрува барањето за автокефалност“, рече г.г. Порфириј, Партијарх на СПЦ

Архипеископот г.г. Стефан пак во своето обраќање кажа дека по литургијата во Белград гласно се слушна воздишката на олеснување на предците и на сите верници. Поглаварот нагласи дека на патот и во борбата за автокефалност македонската црква никогаш не се тргнала од патот Божји и единствената цел била слободно да си ја извршуваат мисијата меѓу народот.

„Овој денешен свет ден е и бањата Витезда, зашто ни пристапи човек – таткото на православните, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, кој нè спушти во водата, бидејќи не 38, туку 55 години седевме чекајќи во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи за нас! Потоа ни пристапи и друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, да нè пресретне здрави и исцелени и срдечно да нè прегрне – и да нè испрати при првосвештеникот за да го потврди нашето исцеление, како што слепиот беше пратен во бањата Силоам“, кажа поглаварот на МПЦ – ОА, Архиепископот г.г. Стефан.

Сега на ред се техничко организацијските детали околу самото барање кои ќе ги работат заедно двете цркви односно Синодот на македонската и Саборот на српската.

„И ќе следи свеченото прогласување на официјален акт, а потоа сите помесни православни цркви ќе бидат известени и ќе бидат повикани да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА“, рече патријархот г.г.Порфириј.

А радоста беше голема и кај верниците присутни на литургијата кои дојдоа од повеќе краишта на државата. Очекувана одлука, коментираат тие.

На денешната литургија Архиепископот г.г. Стефан соопшти и дека Вселенската Патријаршија го прифатила барањето на македонската црква за заедничко сослужување на големиот христијански празник Педесетница и тоа во храмот на Патријаршијата во Истанбул.

Сега откако веќе нема никакви пречки прашањето кое се поставува е кога а не дали барањето ќе биде доставено до Вселенската патријаршија и дали е можно на заедничкото сослужување, на празникот Педесетница, покрај актот за каноничноста да биде предаден и томосот за автокефалност.

Огнен Чанчаревиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новиот папа денеска ќе ја одржи својата прва миса

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Почнува судењето за сообраќајката во која беше прегазена Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе