Вести Свет Топ вести

Во тајна операција евакуирани војниците од челичарницата Азовстал

264 војници кои беа заробени во челичарницата Азовстал во уништениот украински град Мариупол се евакуирани во текот на ноќта, во тајна операција.

Дел од војниците биле пренесувани на носилки до руските автобуси кои чекале надвор, а потоа се однесени во болници во областите кои се под руска контрола.  Целиот процес од преговарање до евакуација се одвивал во тајност, и во јавноста немаше никакви информации, дури ни од руската страна. Организатори на евакуацијата беа ОН и Црвениот крст, кои успеале да ги убедат Украинците да прифатат војнците да бидат однесени на руска територија.

Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека животите на војниците биле најважни. Сепак, се уште остануваат непознати некои работи, посебно колку борци останале во фабриката и што ќе се случи со нив, па затоа воените офицери велат дека се уште не е готово.

Аналитичарите велат дека двете страни без сомнение ќе се обидат да го продадат ова како победа: Русија, затоа што конечно ќе ја добие контролата врз овој стратешки пристанишен град, и Украина, бидејќи некои од војниците кои се држеа толку долго успеаја да излезат живи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе