Вести Македонија Најважни

Продолжува штрајкот, за СОНК неприфатлива понудата за 10 проценти зголемување на платите

Училиштата и градинките и утре ќе бидат празни. Продолжува генералниот штрајк на просветарите. 95 проценти од синдикалните организации на СОНК се изјасниле дека не ја прифаќаат понудата на владата за 10 проценти да се зголемат платите, со ребалансот на буџетот. Членството за несериозен го смета и пристапот на Владата. И по двомесечни преговори понудата ја дала усно, а немало никаков предлог на хартија.

Членовите на СОНК констатираат дека ваквиот пристап од страна на Владата не води во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот. Зголемувањето на платите од 10% во детска заштита,основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година, и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата, изјави претседателот на СОНК јаким неделков.

Неделков рече дека просветните работници се повредени од коментарите на владините министри, дека и овие плати им биле многу и дека и тие требало да ги заработат. Неприфатливи за нив се и констатациите дека се непродуктивни и произведуваат лоши ученици. Вели таквите коментари не водат кон решавање на проблемот. Ниту пак притисоците. Порача дека членството ќе одолее на  нив без разлика со колкав интензитет се.

Законското решение за кратење на дневници за време на штрајк за нас е неприфатливо. По нас е апсолутно неиздржано да се кратат дневници на тие што штрајкуваат од многу едноставна причина што некој друг го крши законот, заради тоа се оди во штрајк, а цената да ја плати работникот. За сѐ да се договориме, а за ова да не се договориме, мислам дека сѐ ќе пропадне во вода и дека нема спогодба да се потпише додека не се усогласи ова прашање, рече неделков.

Од СОНК се децидни дека штрајкот нема да прекине додека не добијат 18,4% зголемување на платите, како усогласување со порастот на минималецот. Велат подготвени се за дијалог во било кое време. Од владата пак нема информација кога ќе продолжат преговорите со синдикатот. Децата во градинките и училиштата не одеа цела измината недела, а за сега не се знае ниту кога ќе продолжат.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе