СОНК денеска очекува конкретен предлог од владата за зголемување на платите, за кој како што најавија че одлучуваат во текот на викендот од што ќе зависи дали ќе запре или ќе продолжи штрајкот. А, за евентуален позитивен одговор треба да гласаат барем 51% од членовите.
Претседателот на СОНК, утринава со нова ФБ порака им честиташе на сите штрајкувачи што издржале пет дена и дека успехот е неизбежен.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека го почитува правото на штрајк, но дека синдикалното раководство треба да му даде предност на социјалниот дијалог и додека тој трае, редовната настава да продолжи.