Горат работилници и магацини во кои има стари камбли и стар мебел во поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје. Засега нема информации за повредени лица, најверојатно причинета е само материјална штета, јавува репортерот на Телма, Петар Догов.
Жителите од околината велат дека слушнале експлозија, по што започнал пожарот.
Противпожарните екипи се уште го гаснат пожарот, на терен се присутни десет противпожарни возила.
Покрај пожарната и полиција, таму пристигнал и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Нема официјални информации за тоа кои се причините и од што настанал пожарот, кој започна во 14 часот попладнево.