Два часа десет пожарникарски возила се обидуваат да го изгаснат пожарот во поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје.
Горат хали, работилници и магацини во кои има стари камбли и стар мебел во ова поранешна фабрика за мебел.
На терен се екипите на МВР, како и на Црвениот крст, а засега нема информации за повредени лица.
Градоначалникот Горан Герасимовски пред медиумите изјави дека граѓаните треба да го одбегнуват овој дел од градот, за да остене отворен шатот за противпожарните екипи.
– Во моментов екипите на противпожарна служба со шест возила се на терен, поддржани од МВР и се борат со големиот пожар кој зафати дел објектите во „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите. Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата, напиша попладнево градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на „Фејсбук“.
Засега нема информации за повредени лица, најверојатно причинета е само материјална штета, јавува репортерот на Телма, Петар Догов.
Жителите од околината велат дека слушнале експлозија, по што започнал пожарот.
Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.