Кошаркарите на МЗТ Скопје се пласираа во полуфиналето од разигрувањето за влез во АБА лигата откако во вечерашниот меч ја совладаа Сутјеска со 73:68.
По повеќе од две години МЗТ Скопје пред своите навивачи одигра еден меч во регионалното натпреварување и поддршката од трибините во СЦ Јане Сандански беше решавачка за триумф.
Противник на МЗТ Скопје во полуфиналето што ќе се одигра в петок ќе му биде победникот од мечот меѓу Широки Бријег и Спарс Сараево.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.