Вести Македонија

Станицата за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово поставена до котлара

Во Тетово станицата за следење на квалитетот на воздухот се наоѓа веднаш до котлара која служи за затоплување на Основното училиште “Кирил и Методиј” и во ист двор каде се изведуваат градежни работи.

Објектот на котларата се наоѓаше на местото каде сега се гради детската градинка, поради што беше дислоциран.

Но близината со станицата го отвора прашањето дали истата ја покажува реална слика на аерозагадувањето.

Според доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје, во вакви околности податоците отстапуваат, поради што мерната станица треба да биде преместена.

Станицата во 2013 година беше преместена од првобитната локација во дворот на гимназијата, поради изградба на многу повисок објект во нејзина близина, т.е. спортска сала.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека сега немаат во план да ја дислоцираат.

Сегашната локација на станицата во Тетово е се уште релевантна и покрај изградбата на котларата во непосредна близина, којa нема висина со која би го попречувал земањето на примероци од воздухот и одредувањето на квалитетот. Објектот е поставена пред извесно време, без никаква најава од страна на тој што ја изградил. И покрај близината на овој извор на загадување, мониторинг станицата обезбедува релевантни податоци, како од загадувањето кое доаѓа од сообраќајот, така и од загадувањето кое доаѓа од загревањето како на јавни објекти така и од приватни домови“ – велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според последното истражување за квалитетот на воздухот во Западен Балкан, на мрежата на невладини организации Bankwatch, во однос на загадување со ПМ 10 Тетово е на трето место во земјава, додека на прво место во однос на загадување со многу поштетните ПМ 2,5 честички.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе