Вести Најважни Свет

Зеленски тврди дека Украина направи стратешки пресврт во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев направил стратешки пресврт во војната со Русија, но оти не може да предвиди колку ќе траат борбите.

– Невозможно е да се каже уште колку денови ќе треба за да ја ослободиме украинската земја. Но, можеме да кажеме дека тоа ќе го направиме бидејќи дојдовме до стратешка пресвртница, посочи Зеленски во обраќањето снимено на улиците во близина на претседателскиот кабинет во Киев.

-Веќе стигнавме до стратешки прсврт. Веќе сме на пат кон победа. На 16-тиот ден од отпорот на руската агресија, Украина успеа да дојде до стратешка пресвртница, рече украинскиот претседател во своето последно обраќање преку социјалните мрежи.

Повеќе за војната во Украина: Ниту еден цивил не може да го напушти Мариупол. Зеленски: Терор на Русија

-Ноќта окупаторите бомбардираа фабрика за чевли, станбена зграда и градинка на реките Днепар. Зошто? Како тие и се заканија на руската држава? Уништија куќи во селата во регионот Суми. Продолжија да ги измачуваат жителите на Мариупол и жителите на Харков. Така што досегашните  санкции против Русија не се доволни, рече Зеленски кој апелираше до меѓународната заедница да ги зголеми санкциите кон Русија.

Тој истакна дека очекува „нови санкции од нашите партнери денес“. Зеленски истакна дека Русија мора секојдневно да плаќа за оваа страшна војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе