Вести Свет

Кинескиот претседател повикува на „максимална воздржаност“ во Украина и продолжување на преговорите

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на „максимална воздржаност“ во Украина изразувајќи „длабока загриженост“ за кризата во земјата.

„Двете страни да го задржат моментумот на преговорите, да ги надминат потешкотиите и да ги продолжат разговорите се додека не се постигнат резултати…како и да се спречи хуманитарна криза од поголеми размери“, цитираат кинеските медиуми извадоци од видео-разговорот што Си денеска го имал со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Кина е близок партнер на Русија и одбива да ја осуди воената интгервенција на Москва во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе