Очевидци велат дека четири лица, мајка, татко и две деца, загинале како последица на гранатирањето на Ирпин, град во близина на Киев. Вознемирувачкоро видео го покажува моментот кога руски минофрлачки гранати беа испукани во близина на мостот што го користеа луѓето кои бегаат од борбите.
Децата биле син тинејџер и ќерка на околу осум години. Семејството бегало од борбите носејќи куфер и неколку ранци и со себе го зеле и своето мало куче. Тие беа погодени од минофрлачки напад.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.