Вести Свет

Зеленски: Нема да простиме. Наместо прошка – суден ден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-обраќање ги критикуваше западните земји што не одговорија на најавите на Москва за голем напад денеска и испрати порака до Путин.

„Нема да им простиме на уништените куќи. Нема да му простиме на проектилот што нашата воздушна одбрана го собори денеска над Окматид. И повеќе од 500 проектили што ја погодија нашата земја, нашиот народ, нашите деца.

Нема да простиме пукање на невооружени луѓе. Уништување на нашата инфраструктура. Нема да простиме. Стотици и стотици жртви. Илјадници и илјадници страдања. Ниту Господ нема да прости. Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо прошка, ќе биде судниот ден.

Ќе го казниме секој што извршил злосторства врз нашите цивили, на нашата земја. Ќе го најдеме секое копиле што пукаше во нашите градови, во нашите луѓе, што ја бомбардираа нашата земја, што дадоа наредба и го стиснаа стартот. Нема да има место на земјата каде што можете да се скриете. Освен гробот“, рече Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе