Вести Најважни Свет

Евакуацијата пропадна- Русија со закана до соседните земји кои и помагаат на Украина

И вториот обид за евакуација на цивилното населние од стратешни важниот град Мариупол заврши без успех. Руската и украинската страна се обвинуваат меѓусебно за прекршување на примирјето. Во исто време гранатиран е преминот за евакуација во областа Ирпин, близу Киев, каде загина цело семејство. Руското Министерство за одбрана со предупредување до соседните земји на Украина кои се домаќини на нејзините воени авиони, дека тоа Москва може да ги смета како нивна инволвираност во конфликтот.

Вториот обид за евакуација на цивили од Мариупол не успеа, а украинската и руската страна се обвинуваат меѓусебно за прекршување на примирјето. Меѓународниот комитет на Црвениот крст се надеваше дека ќе започне со евакуација на 200.000 луѓе од опколениот од Мариупол до Запорожје пред „непријателствата да продолжат“. Иако предходно проруските сепаратисти соопштија дека првите 300 лица го напуштиле Мариупол, украинската власт со спротивно соопштение дека обидот не бил можен поради руското гранатирање.

  • За жал, морам да признаам дека денеска повторно не можевме да отвориме хуманитарен коридор преку руското гранатирање. Русите повторно цинично ја гранатираа рутата по која требаше да помине нашиот хуманитарен конвој- Ирина Верешчук, заменик премиер на Украина.

Малкумината раселени кои успеале да се извлечат од околината на стратешкиот пристаништен град Мапиупол велат дека градот е во пламен и дека таму нема ни вода, ни струја.

  • Видовме сè, куќи горат, сите луѓе седат во подруми. Живееме во село. Куќи горат, сите пукаат еден во друг. Нема луѓе ни ништо, нема комуникација, нема вода, нема гас, нема светлина, нема вода, немаше ништо- Јелена Замај, бегалец.

Во истовреме преминот за евакуација на цивили кои се обидуваат да побегнат од областа Ирпин западно од Киев утрово беше гранатиран. Загина цело семејство, мајка со две деца, спасувачите се борат за животот на таткото.

  • Граната удрила во дворот. Три автомобили биле паркирани во дворот и се малку оштетени. На еден мерцедес кој бил во близина на дворот му бил откорнат задниот дел- жител на Ирпин.

Уништен е цивилниот аеродром во градот Виница, на околу 250 километри југозападно од Киев. На исток на Украина, градовите Харков и Суми, исто така, претрпеа ново бомбардирање.

Се повеќе луѓе бегаат од земјата, според ОН, повеќе од 1,5 милиони луѓе веќе се во соседните земји за само 10 дена. Еден од излезите е градот Лвов во западна Украина. Бегалците се туркаат за храна и вода која ја дели Црвениот крст, и долги часови чекаат за да се качан на воз или автобус за Полска каде се очекува бројот на бегалци денеска да надмине милион. Градоначалникот на Лвов споредувајќи ја Украина со библискиот Давид кој се бори со Голијат, ја повика НАТО алијансата да ја заштити земјата.

  • Украина денес е Давид кој застанува против моќниот Голијат на тоталитаризмот и сите гледаат како ќе заврши. Мислам дека Западот не очекуваше дека Украина ќе се спротивстави. Западниот свет не знае како да реагира бидејќи многу лидери мислеа дека Украина нема да постои. Но, ние постоиме, и ќе се бориме и ќе го заштитиме секој метар од нашата земја. Тие мора да го разберат тоа. Го повикувам НАТО да биде силен и моќен блок кој ја штити светската демократија, наместо да биде исплашено маче кое не знае што да прави- Андриј Садови, градоначалник на Лвов.

Руското Министерство за одбрана ги предупреди соседните земји на Украина кои се домаќини на нејзините воени авиони, дека тоа Москва може да ги смета како нивна инволвираност во конфликтот.

  • Практично сите воздухопловни сили на режимот во Киев се уништени. Откако го кажавме тоа, ние точно знаеме за украинските воени авиони кои прелетуваат кон Романија и другите соседни земји. Со последователната акција на авијацијата против руските вооружени сили може да се заклучи дека наведените земји се вклучени во воениот конфликт- Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Конашенков, исто така, тврди дека руската војска открила траги од објекти поддржани од САД кои развиваат хемиско оружје. „Очигледно е дека во пресрет на специјалната воена операција, Пентагон почна да има сериозна загриженост за тајните биолошки експерименти откриени на украинска територија“, рече тој.

Вицепремиерот на Обединетото Кралство Доминик Рааб вели дека конфликтот може да трае со месеци, ако не и со години.

  • Путин сака да каже дека всушност е во борба со Западот – не е. Ова е нелегална инвазија на сосед чиешто самоопределување, демократски и територијален интегритет има потреба од да бидеме заштитени. Не сакаме да го храниме наративот на Путин- Доминик Рааб, вицепремиер на Велика Британија.

На единаесет дена по започнувањето на руската воена офанзива во Украина, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, рече дека дека мора да се држи отворен дипломатскиот канал. Додека се погласни се барањата за затворање на украинскиот воздушен простор – со цел да се спречи бомбардирање на цивили, Шарл Мишел појаснува зошто НАТО одбива такво нешто. – Таков чин, рече тој, во сегашните околности би се сметал дека НАТО влегува во војната, а со тоа и ризик од Трета светска војна.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе