И вториот обид за евакуација на цивилното населние од стратешни важниот град Мариупол заврши без успех. Руската и украинската страна се обвинуваат меѓусебно за прекршување на примирјето. Во исто време гранатиран е преминот за евакуација во областа Ирпин, близу Киев.. Украинската војска јавува дека руските воздухопловни сили уништиле цивилен аеродром на околу 250 километри од Киев.
Вториот обид за евакуација на цивили од Мариупол не успеа, а украинската и руската страна се обвинуваат меѓусебно за прекршување на примирјето. Меѓународниот комитет на Црвениот крст се надеваше дека ќе започне со евакуација на 200.000 луѓе од опколениот од Мариупол до Запорожје пред „непријателствата да продолжат“. Иако предходно проруските сепаратисти соопштија дека првите 300 лица го напуштиле Мариупол, градскиот совет со спротивно соопштение дека обидот не бил можен поради руското гранатирање.
- За жал, морам да признаам дека денеска повторно не можевме да отвориме хуманитарен коридор преку руското гранатирање. Русите повторно цинично ја гранатираа рутата по која требаше да помине нашиот хуманитарен конвој- Ирина Верешчук, заменик премиер на Украина.
Малкумината раселени кои успеале да се извчета од околината на стратешкиот пристаништен град Мапиупол велат дека градот е во пламен и дека таму нема ни вода, ни струја.
- Видовме сè, куќи горат, сите луѓе седат во подруми. Живееме во село. Куќи горат, сите пукаат еден во друг. Нема луѓе ни ништо, нема комуникација, нема вода, нема гас, нема светлина, нема вода, немаше ништо- Јелена Замај, бегалец.
Украинскиот преговарач Арахами се надева на отворање хуманитарен коридор и од источниот град Харков, каде што по нападот на руските воени авиони во урнатини е спортскиот центар и околните згради.
Во истовреме преминот за евакуација на цивили кои се обидуваат да побегнат од областа Ирпин западно од Киев утрово беше гранатиран, јави Си-Ен-Ен. Според информациите на украинските власти, загинале најмалку три лица, меѓу кои и две деца.
- Граната удрила во дворот. Три автомобили биле паркирани во дворот и се малку оштетени. На еден мерцедес кој бил во близина на дворот му бил откорнат задниот дел, вели жител на Ирпин.
Претседателот Зеленски изјави дека цивилниот аеродром во градот Виница, на околу 250 километри југозападно од Киев, е целосно уништен. Досега најголемиот дел од борбите во Украина се водеа на север и исток од Киев, а исто така и во јужните региони на Украина. На исток на Украина, градовите Харков и Суми, исто така, претрпеа ново бомбардирање.
Во главниот град Киев стотици мажи чекаат во ред, за да се пријават како доброволци за да им се придружат на вооружените сили на Украина. Владината им забрани на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата, за да бидат достапни за воена регрутација. Дел од нив се убедени во успехот на украинската армија, дел се подготвени за најлошото.
- Ова е моја должност. Сакам да бидам корисен. Сакам да помогнам. Сакам да се заштитам. Сакам да возвратам. Сакам моето семејство да се врати во Украина што е можно поскоро. И ќе дадам се од себе- Вјачеслав Радченко, воен регрут
- Немам илузии. Немам романтични идеи за војната или како „ќе бидам некој херој“ или да постигнам некој напредок или нешто од ова, но тоа е она што го правам- Марк Ејрес, ветеран на британската армија.
Група доброволци подготвуваат молотови коктели и плетат камуфлажни мрежи за да им помогнат на припадниците на украинската територијална одбрана во градот Одеса.
Шокантна снимка од малиот град Новопсков, покажува како руски војници пукаат врз цивили. Еден човек е погоден со куршум во ногата и паѓа на земја, а други притрчуваат да му помогнат. Потоа се слушаат уште повеќе истрели. за време на демонтрациите во Луганск биле ранети три лица.
Се повеќе луѓе бегаат од земјата, според ОН, повеќе од 1,5 милиони луѓе веќе се во соседните земји за само 10 дена. „Најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“, напиша на Твитер комесарот на ОН за бегалци Филипо Гранди. Еден од излезите е градот Лвов во западна Украина. Бегалците се туркаат за храна и вода која ја дели Црвениот крст, и долги часови чекаат за да се качан на воз или автобус за Полска каде се очекува бројот на бегалци денеска да надмине милион.
Вицепремиерот на Обединетото Кралство Доминик Рааб вели дека конфликтот може да трае со месеци, ако не и со години.
- Путин сака да каже дека всушност е во борба со Западот – не е. Ова е нелегална инвазија на сосед чиешто самоопределување, демократски и територијален интегритет има потреба од да бидеме заштитени. Не сакаме да го храниме наративот на Путин- Доминик Рааб, вицепремиер на Велика Британија.
На единаесет дена по започнувањето на руската воена офанзива во Украина, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, рече дека дека мора да се држи отворен дипломатскиот канал. Додека се погласни се барањата за затворање на украинскиот воздушен простор – со цел да се спречи бомбардирање на цивили, Шарл Мишел појаснува зошто НАТО одбива такво нешто. – Таков чин, рече тој, во сегашните околности би се сметал дека НАТО влегува во војната, а со тоа и ризик од Трета светска војна.
Билјана Ставрова