Вести Свет

Руската државна авијациска служба со препорака- руските авиокомпании со изнајмени авиони да ги прекинат летовите

Руската државна авијациска служба, препорача руските авиокомпании со авиони изнајмени од странство да ги прекинат летовите за патници и за транспорт надвор од Русија од 6 март и од странски земји кон Русија од 8 март.

Потегот е со цел да се спречи нивно запленување при пристигнување во земја која има санкции кон Русија. И Руската национална авио- компанија, Аерофлот ги откажа речиси сите меѓународни летови од 8 март, поради забраната за прелет на руски авиони во повече земји во светот, а според официјалното објаснување – поради „дополнителни околности“ кои ги попречуваат нејзините операции.

Како последна во низата од над педесеттина светки брендови, шпанскатакомпанија Зара објави дека ги затвора сите свои 500 продавници во Русија, а своите активности на руска територија ги замрзнаа и Самсунг и Пеј Пал.

Рускиот претседател Владимир Путин западните економски санкции ги оцени како чин рамен на објавување војна. А неговиот портпарол „економски бандитизам“ против Русија на кој Москва ќе одговори во согласност со националните нтереси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе