Вести Економија

Почна новата наградна игра „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“ за 2022 година

Денеска започна 7-та по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“.

И покрај отежнатите економски и пандемиски услови, наградната игра повторно започнува како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите верни купувачи во центарот на нашата работа.

Бројот на членовите на Верна програмата за лојалност и посетеноста на нашите продажни објекти се доказ за квалитетот на нашите производи и доказ за довербата на корисниците кон нашата Компанија. Затоа Макпетрол, лидер во областа на енергетиката на македонскиот пазар, води особена грижа за своите потрошувачи. Компанијата секогаш се труди да го обезбеди најдоброто, како преку квалитетните ULTRA горива, така и преку услугата и односот кон потрошувачите.

Токму затоа, и оваа година, со почеток од 1-ви март, па се до 10 декември,  ја организираме најголемата наградна игра во државата, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“.

Како и во десегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Вашата Верна картичка ќе бидете потенцијален добитник на лаптоп DELL, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени. Во текот на наградна игра ќе ги доделиме следните главни награди: три награди 7 дена за двајца во хотелот на Макпетрол во Струга, 2 моторцикли Honda, гумен чамец заедно со приколка и вонбродски мотор Honda и финалната мастер награда – современата Honda CR-V Elegance.

Оние потрошувачи кои сеуште немаат Верна картичка, тоа можат да го сторат уште денес, со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“.

Само на бензинските на Макпетрол. Kолку повеќе полниш толку повеќе добиваш!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе