Се намалува цената на природниот гас за март, соопштија од нафтената компанија Макпетрол.
„Од утре за 5 денари по килограм се намалува цената на компримиран природе гас МЕТАН (ЦНГ) што се користи како погонско гориво во возилата. Корекција во надолна линија има и кај цената на природниот гас за индустриските потрошувачи, каде намалувањето е за 5%“, информираат од компанијата.
Макпетрол воедно информира дека намалувањето на цената на природниот гас се должи на движењето на цената на светските берзи, како и на поволниот договор што Макпетрол го има со руската компанија Гаспром.
