Вести Економија Свет

Голема бродска компанија ја прекинува испораката во Русија

Данската логистичка групација Маерск објави дека привремено ќе го запре контејнерскиот транспорт на товар до и од Русија како дел од санкциите воведени кон Москва поради инвазијата на Украина.

„Бидејќи санкциите веќе директно и индиректно влијаат на стабилноста и безбедноста на нашиот бизнис, новите резервации на Маерск на море и на копно до и од Русија ќе бидат привремено суспендирани“, се вели во соопштението на Маеркс.

Суспензијата на испораките ги опфаќа сите руски пристаништа и нема да вклучува храна, медицински материјали и хуманитарна помош, рече Маерск. Компанијата транспортира контејнери на маршрутите до Санкт Петербург и Калининград на Балтичкото Море, Новоросијск на Црното Море и Владивосток и Восточни на источниот брег на Русија.

„Маерск“ поседува 31 отсто од акциите во рускиот пристанишен оператор „Глобал портс“, кој има шест терминали во Русија и два во Финска. Меѓу акционерите на Глобал Портс се и руската државна нуклеарна компанија Росатом и рускиот бизнисмен Сергеј Шишкарев.

Компанијата ја затвори и главната канцеларија во Одеса

„Во случајот на Глобал Порт, се стремиме да ги почитуваме санкциите и ограничувањата кои постојано се менуваат и подготвуваме можни следни чекори“, рече Маерск.

Со денешниот прекин на услугите во Русија, Маерск се приклучи на Океан Нетворк Експрес со седиште во Сингапур, Hapag Lloyd во Германија и швајцарскиот MSC, потсетува Ројтерс.

Минатата недела, данска компанија го суспендираше приклучувањето во пристаништата во Украина до крајот на февруари поради руската инвазија. Имаат две рути за контејнерски транспорт на товар до Украина, а за претовар го користат пристаништето Пивденџи на северозападниот брег на Црното Море, на околу 30 километри источно од Одеса.

Компанијата ја затвори и главната канцеларија во Одеса, пристаниште на Црното Море, и нагласи дека сите 60 нејзини вработени во Украина се дома и се безбедни. Во Русија, Маерск има 500 вработени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе