Вести Економија Свет

ЕУ издвои 500 милиони евра на Украина. Предупредува дека треба да се внимава на Западен Балкан

Европската унија ќе додели 450 милиони евра за вооружените сили на Украина и уште 50 милиони за заштитна опрема и гориво, а некои членки се подготвени да и дадат борбени авиони на Украина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

„Постигнат е договор за обезбедување оружје за украинската армија во вредност од 450 милиони евра и уште 50 милиони за заштитна опрема и гориво“, рече Борел по виртуелниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки.

За прв пат во историјата ЕУ финансира набавка на оружје

Ова е првпат во историјата ЕУ да финансира набавка на оружје.

„Денес е скршено уште едно табу, а тоа е дека ЕУ никогаш нема да троши пари за оружје на нападнатата земја.“ – изјави Борел.

Борел рече дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рекол дека им се потребни авиони со кои би можеле да летаат украински пилоти.

„Некои земји-членки имаат такви авиони и ние ќе ги испратиме заедно со потребното оружје“, рече Борел.

Денеска вонреден состанок

За денес е закажан вонреден состанок на министрите за одбрана на земјите-членки, на кој ќе се разговара и за помошта за Украина.

Борел рече дека министрите за надворешни работи ги поддржале предлозите претходно презентирани од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Тие вклучуваат затворање на воздушниот простор за руските авиони, забрана за руските државни медиуми да шират пропаганда и нов пакет санкции против Белорусија, која активно и помага на Русија во нејзината агресија против Украина.

Бидејќи овој состанок беше виртуелен и неформален, одлуките со сила на закон наскоро ќе донесат релевантните тела на ЕУ.

Високиот претставник Борел предупреди дека Русија нема да застане во Украина и затоа треба да се посвети посебно внимание на Молдавија, Грузија и Западен Балкан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе