Вести Економија

Ковачевски предупреди на економски тешка година поради кризата во Украина

Нема закани за безбедноста, наш гарант е НАТО – но исправени сме пред економските предизвици. Кризата се продлабочува, не очекува неизвесна година. Ова го порача премиерот Ковачевски, во неговото вонредно обраќање до јавноста, прво по избивањето на воениот конфликт во Украина. Уверува дека Владата работи на мерки за да се намали притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството.

Поголемите предизвици кои стојат пред нас, се економски. Поради воените дејствија на Русија против Украина, глобалната енергетска и економска криза сега се продлабочува. Нѐ очекува неизвесна година каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно“, рече Ковачевски.

Рече дека ги покачиле платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваат компаниите и со тоа ќе продолжат. Потенцираше дека нашата изложеност кон руската и украинската економија е мала. Тие не се присутни во финансискиот сектор, а странските инвестиции од таму се под 1% од вкупните. Тој испрати порака до институциите одговорно да ги трошат државните пари и ефикасно да работат за да се амортизираат негативните последици од кризата.

Опозицијата пак побара од власта да објасни што конкретно ќе преземе за да се спречи покачувањето на енергенсите кои директно ќе удрат по стандардот на граѓаните и стопанството. Ја обвини власта дека не презема ништо додека земјите од регионот веќе преземаат мерки.

И прогмнозите на светските економисти се дека поради руско-украинскиот конфликт глобалната економија би можела да доживее голема криза. Предупредуваат на опасност од нагло зголемување на инфлацијата и рецесија. И домашните прогнози се дека цените на енергенсите и храната ќе растат,а најголемиот цех од оваа нова криза ќе го платат граѓаните преку намалување на нивниот животен стандард.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе