Вести Економија Топ вести

Од 1 март ќе има ценовен шок за граѓаните – одмрзнатите цени ќе го поскапат лебот и храната

Граѓаните од први март ќе се соочат со нов бран на поскапувања – предупредуваат експертите , производителите и трговците со храна. Владината мерка да се одмрзнат цените, а да се замрзнат маржите до 5% за трговијата на големо и до 10% на таа на мало за неколку производи, ќе ги заштити од загуби трговците, но не и граѓаните од нов ценовен шок. Наместо намалување како што пресмета владата, со новата мерка ќе има раст на цените на храната- тврдат тие.

Велат до сега поради замрзнатите цени работеле со загуби.

Сега кога ќе ги вкалкулираат реалните цени кои беа замрзнати- додека глобално и тие на суровините и на енергенсите растеа- ќе има поскапувања на храната.

Лебот ќе биде прв на удар- а другите бизниси ја чекаат одлуката во Службен весник за да пресметаат колку и кои проиводи ќе поскапат.

„Со тоа не дека се очекува дека цените ќе останат исти или ќе се замрзнат, значи секоја компанија ќе си ги регулира цените според своите трошоци. Секако дека корекцијата ќе биде во нагорна граница ќе се утврди цената со тоа што треба да се покријат трошоците што се зголемени за енергенси во моментов и за сите други за гасот и суровините и секaко дека од 1 март ќе има корекција, сега дали ќе биде од 1 март или понатаму секако дека ќе има корекција во нагорна линија на цените но нема да биде нешто драстично“- вели Горан Малишиќ, претседател на групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ.

И експертите се скептици дека цените на храната ќе се намалуваат, како што вчера тврдеше министерот за економија Бектеши.

Велат глобално додека кај нас беа замрзнати – цените и на суровините и на енергенсите растеа.

Бектеши пак прстот го впери кај трговците- кажа дека  профитираат на грбот на граѓаните бидејќи математиките покажале дека пресметуваат маржи и по 50 проценти.

„Не сакам да бидам некој лажен оптимист и да кажеме дека со овие две мерки 5%и 10% на замрзнување на маржите ќе се придонесе кон намалување на цените. Тоа е поради една проста причина цените глобално растат и не зависи ни од државата ни од тие компании  кои што увезуваат од надвор дека може да ги стабилизираат цените. Намалување на може да очекуваме, но да се надеваме дека ќе има стабилизација“ – вели економскиот аналитичар, Арбен Халили.

Владата вчера донесе одлука да ги одмрзне цените но да ги замрзне  маржите на трговците.

Одлуката се однесува на  лебот, шеќерот, солта, брашното, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

Дека цените растат и живеачката на граѓаните е поскапа пресмета и статтистика.

Трошоците на животот во јануари во однос на истиот месец лани биле повисоки за 6.7 %, а  на цените на мало за 7.3 %.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Израелски рабин се заклучи во кафез 50 часа во знак на протест за заложниците во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе