Вести Економија Топ вести

Бектеши во Топ Тема: Цените остануваат стабилни

Од први март ќе сесмени начинот на регулирање на цените на одредени производи, рече Крешник Бектеши, министер за економија во вечерашната Топ Тема на Телма, кој истакна дека се уште траат  анализите во делот на замрзнување на цените во изминатиот период.

  • Остануваат истите цени на суровините, дали увозни или оние кои се произведуваат кај нас, па поради тоа цените остануваат стабилни, рече Бектеши. Тој одрекува дека со ограничување на маржите, најавеноод први март, предходно ќе доведе до зголемување на цените на одредени продукти.

„Ќе видиме врз основа на реалните калкулации кои ќе се направат, но цените на берзата за одредени суровини се за 50-60% повисоки од минатата година“, истакна Румен Смилевски од Здружение на трговија. Тој рече дека со новите мeрки најавени од владата се уште не може да се знае како тоа ќе влијае врз цените.

  • Бизнисот во воие тешки моменти ќе се обиде да излезе во пресрет на граѓаните но, има граници до кои може да се оди во однос на реалните произведувачи, рече Смилевски.

Ние сме во една пазарна економија во која побарувачката ја одредува цената. Растеше цената на маслото и лебот во последниот период но, сега е цента стабилна на маслото и стои, вели Горан Георгиевски, претседател на Агробизнис комора.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе