Вести Економија Свет

ЕУ ќе ја надмине зависноста од рускиот гас, тврди Фон Дер Лајен

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стор, стратешка земја во однос на набавката на гас во ЕУ.

Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со норвешкиот премиер изјави дека Европската Унија е решена да се ослободи од зависноста од рускиот гас и ѝ се заблагодари на Норвешка за нејзината улога во оваа цел.

Ќе разговараме за енергијата. Русија ја инструментализира енергијата со месеци, ако не и години, за да врши притисок врз Украина, но и врз ЕУ, и ние сме решени да излеземе од зависноста од рускиот гас, рече фон дер Лајен.

Претседателката му се заблагодари на норвешкиот премиер, и додаде дека неговата земја секогаш била партнер од доверба кога и бил потребен гас на Европската Унија. Гасот за ЕУ е важен рече таа, но е транзициски извор на енергија, бидејќи конечната цел на ЕУ е да се сврти целосно кон обновливите извори на енергија до 2055.

Тоа е стратешка инвестиција во нашата независност, изјави Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со Стор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе