Македонската кошаркарска репрезентација се соочи со нов проблем пред двата дуели од квалификациите за Светското првенство против Грузија.
На тестирањето пред патувањето за Тбилиси, позитивен резултат на инфекција со корона вирусот има селекторот Драган Бајиќ кој во следниве денови ќе остане во Скопје и нема да го води националниот тим.
Поради фактот што вториот натпревар со Грузијците се игра в недела се уште е неизвесно дали Бајиќ ќе може да седи на клупата на репрезентацијата и на мечот во А1 арената Борис Трајковски.
Националниот тим попладнево патува за Грузија, а на првиот натпревар селекцијата ќе ја водат помошниците на Бајиќ, Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ.
ФОТО: Игор Паневски