Вести Економија Најважни

Се откажа ли Владата од „посебното“ зголемување на пензиите кое го вети мандатарот Ковачевски кога стануваше премиер?!

Се откажа ли владата од „посебното“ зголемување на пензиите кое го вети мандатарот Ковачевски кога стануваше премиер?! Во експозето пред пратениците кажа дека планира да да го подобри животниот стандард на пензионерите. Покрај усовршување на методологијата вети дека ќе има и посебно зголемување  на пензиите, а тоа ќе биде една од првите одлуки кои ќе ги донесе новата влада.

Една од првите мерки на новата влада ќе биде поддршка на пензионерите преку посебно зголемување на пензиите. Остануваме посветени на унапредување и на новиот модел на усогласување на пензиите, изјави тогаш ковачевски.

Дека ќе биде историски најголемо потврди и вицепремиерот Битиќи. Но, тој се повика на методологијата.

Јас не би сакал да играм со методологијата но таа ќе биде едно од поголемите зголемување на пензии кои што се случила во изминатите години и ќе укаже на стабилноста на пензискиот фонд, изјави вицепремиерот во Топ Тема на Телма на 20 јануари годинава.

Но како поминуваше месецот – изјавите се испомешаа. Премиерот ретерираше. Последниве денови го најавува само уште едното законско усогласување, кое најверојатно ќе биде по нова методологија која како што вели ќе обезбеди пораст на пензиите. Најавите ги дополни со еднократна парична помош за пензионерите поради кризата.  А сега пак – посебното зголемување – воопшто не го спомнува.

Треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите, бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат. И второто е што веќе се прават анализи во однос на поддршка на пензионерите бидејќи се наоѓаме во енергетска криза која што предизвикувва и негативни економски последици. И заради тоа веќе се прават анализи за финансика поддршка на пенизонерите која што кога ќе биде завршена нормално ќе го знаеме износот и големината на износот по различна категорија на висина на пензиите, рече ковачевски.

Вицепремиерот Битиќи, пак, вчера кажа дека ќе биде или едното – или другото, но сите ќе бидат задоволни.

Дали е тоа менување на моделот на усогласување на пензиите кој што сме го имале и сакаме и понатаму да го имаме за да понудиме одржливо решение за пензиите или  еднократна помош која што би требало да дојде до најранливите категории за справување со последиците од енергетската криза, порача битиќи.

Утре е првиот состанок на владините економски министри со здруженијата на пензионери. Детали со кои предлози ќе настапи владата за сега нема, велат сите опции ќе бидат на маса. Здруженијата на пензионери пак ќе бараат во методологијата покрај трошоциите на живот да влезе и растот на просечната плата.

Дали ќе „испари“ посебното покачување на пензиите кое го вети премиерот, ќе покажат преговорите. Владата очекува да бидат успешни како тие со минималецот.

Инаку во земјава има речиси 327.000 пензионери. Третина од нив, или нешто помалку од  90.000, се со пензии до 11.500 денари.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе