Култура

„ Горчливите солзи на Петра фон Кант “ премиерно во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар на 2 март, премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер, а во режија на Ивица Димитријевиќ. Текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска слава, бидејќи отворено зборува за љубовните односи меѓу жените. По екранизацијата на филмското платно, текстот е повеќепати поставуван и на светската театарска сцена, а во Македонскиот народен театар се поставува за првпат.

Љубовната драма „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ е базирана на целосно и внимателно одбрана женска актерска екипа: Драгана Костадиновска – Петра фон Кант, Сара Анастасовска – Карин Тим, Сашка Димитровска – Сидони фон Гразенаб, Софиа Насевска -Трифуновска – Марлен, Тања Кочовска – Валери фон Кант и Анастасија Аневска – Габриеле фон Кант. Дејството на пиесата се случува во домот на нарцисоидната и позната модна креаторка Петра фон Кант, која ја следи променливата динамика во нејзините односи со другите жени. Приказната на протагонистката Петра е раскажана во пет чина, притоа секој од нив ги прикажува психолошките состојби на главниот лик. Претставата отворено и повеќедимензионално зборува и за тоа како капиталистичкото потрошувачко општество ѝ се заканува дури и на љубовта, без разлика за каква љубов станува збор — партнерска, другарска, родителска… За да ја первертира и да ја доведе до должничко доверителски продукт.

Како креативни соработници се потпишуваат костимографката Ирина Тошева, консултант за сценографија е Кристина Божурска, а музиката ја изработи Јане Трајковски. Станува збор за копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и МИ Филм, а следните изведби се закажана на 4 и 22 март со почеток во 20:00 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе