Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид каде има и оддел за неврохирургија за прв пат доби специјализиран неврохируршки микроскоп. Станува збор за софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле односно на тумори на мозок.
Информацијата на својот ФБ профил ја објави доскорешниот министер, неврохирургот Венко Филипче кој учествувал во првата операција од овој тип во Охрид.
-Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати, истакна Филипче кој на колегите им посака успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска опериран што побрзо опоравување.