Вести Свет

Бајден: Можни се санкции лично против Путин доколку Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џо Бајден  синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина.

На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно.

Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од 8.500 американски војници кои се ставени на подготвеност, но вети дека американските војници нема да бидат распоредени во самата Украина.

САД генерално се воздржуваат од воведување санкции за странски лидери, а поранешниот претседател Доналд Трамп воведе санкции за венецуелскиот претседател Николас Мадуро во 2017 година и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи во 2019 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе