Вести Свет

Американските санкции може да ја чинат Русија 50 милијарди долари

Германските медиуми пишуваат дека САД ќе го таргетираат рускиот извоз на оружје и енергија и дека санкциите ќе ја чинат Москва околу 50 милијарди долари.

Наводно САД се обидуваат да ги убедат своите сојузници да воведат нови санкции кон Русија во случај на војна со Украина.

Германскиот таблоид „Билд“ повикувајќи се на неименувани извори, пишува дека тие ќе бидат насочени кон извозот на оружје и енергија и дека Москва ќе ја чини околу 50 милијарди долари.

Овој драстичен чекор наводно го предложил директорот на ЦИА Вилијам Барнс за време на неговата посета на Берлин.

Претходно беше објавено дека американските власти побарале од германската влада да го забрани увозот на руски суровини и да го блокира лансирањето на гасоводот Северен тек 2.

Берлин ги увери САД дека во случај на инвазија на Украина, рускиот гас нема да помине низ гасоводот Северен тек 2. Сепак, премиерот го изрази својот скептицизам за целосно напуштање на виталниот гасовод. Според Билд, оваа изјава предизвикала криза во Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе