По испраќањето воена опрема во Украина, Америка, по наредба на претседателот Бајден става во зголемена готовност 8.500 војници од Пентагон. Според одлуката, ти би биле распоредени низ европските држави. Војниците ќе треба брзо да одговорат доколку сто илјади руски војници сега поставени на границата со Украина добијат наредба да нападнат. Ова е јасна порака до Русија која се повеќе ги остри копјата, додека ги чека одговорите на своите барања кои ги постави на првата средба со официјален Вашингтон.
Ова е јасно порака до Русија дека САД се многу сериозни во заштитата на сојузниците. Соединетите Држави имаат војници. Тие се подготвени за распоредување. Веќе има илјадници војници во Европа, но оваа нова наредба за распоредување, очигледно, е наменета како порака до Русија дека САД се навистина подготвени воено да одговорат ако треба, изјави Лолита Балдор, новинар за национална безбедност „АП“.
Со оглед на тоа што Украина не е членка на НАТО, војниците нема да влезат во оваа држава, но ќе бидат распоредени низ нејзинит европски сојузнички, како Латвија, Литванија и Естонија, кои пак како поранешен дел од Советскиот Сојуз се загрижени познавајќи ја руската моќ која би била активирана на нивна територија.
САД и европските сојузници се „целосно едногласни“ околу Украина. На виртуелниот состанок кој се одржа со лидерите на Европската комисија, Советот на Европа, НАТО, Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија. Потврден е ставот да се почитува територијалниот интегритет на Украина. Топката е кај Путин.
Очекуваме Русија да го стори истото, и каква било агресивна акција од Владимир Путин ќе биде пресретната со сериозни последици. Топката е во неговиот двор. Не можам да кажам што ќе направи тој, но ние сме подготвени на решителна акција доколку тој направи агресивен чекор во Украина, рече Камала Харис, потпретседател на САД.
Украинските владини трупи се скептични за обидите на САД да ја натера Русија на дипломатски преговори и мирно решавање на ситуацијата. На граничната линија во отцепениот регион Луганск веќе се слушаат повремените истрели.
Не пукаа три дена. Пред три дена беше последното пукање. Одеднаш отворија оган со гранати и минофрлачи. Еден минофрлач падна зад нас, уште два на следната позиција. По 15 минути стана тивко, изјави Олех Сурхов, украински војник.
Овие украински војници кои седат во рововите соочени се со реалната слика, стравуваат дека Америка нема да постигне ништо со дискусиите, бидејќи според нив, Русија не е земја со која се преговара. Имаат свој план кој секако ќе го изведат.
Алиса Шутиноска