Вести Наука и здравје

Во 2019 година повеќе луѓе починале од инфекции отпорни на лекови отколку од ХИВ или маларија

Според новиот извештај објавен во четвртокот, повеќе од 1,2 милиони луѓе ширум светот починале во 2019 година од инфекции предизвикани од бактерии отпорни на антибиотици, повеќе отколку што починале од ХИВ/СИДА или маларија.

Светските здравствени власти постојано предупредуваат на ширење на бактерии и други микроби отпорни на лекови поради злоупотреба и прекумерна употреба на антибиотици, што ги поттикнува микроорганизмите да се развијат во „супер микроби“.

„Овие нови податоци го откриваат вистинскиот степен на антимикробна отпорност ширум светот.
Новиот глобален извештај за микробиолошка резистенција објавен во медицинското списание The Lancet покажа дека антимикробната резистенција е директно одговорна за околу 1,27 милиони смртни случаи и поврзана со околу 4,95 милиони смртни случаи.

„Овие нови податоци го откриваат вистинскиот степен на антимикробна отпорност ширум светот… Претходните проценки предвидуваа 10 милиони годишни смртни случаи од антимикробната резистенција до ​​2050 година, но сега со сигурност знаеме дека веќе сме многу поблиску до тој број отколку што мислевме“, рече Крис Мареј, коавтор на студијата и професор на Универзитетот во Вашингтон.

Минатата година, Светската здравствена организација предупреди дека ниту еден од 43-те антибиотици во развој или неодамна одобрени лекови не се доволни за борба против антимикробната отпорност.

Корнелиус Кленси, професор по медицина на Универзитетот во Питсбург, рече дека еден начин да се реши антимикробната резистенција е да се бара нов модел на третман.

„Мислам дека традиционалниот модел со антибиотици, кој го имавме во последните неколку децении од пеницилинот, е истрошен“ – рече Кленси.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе