Вести Свет

Бајден: Путин ќе ја нападне Украина

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување изјави дека тоа е година на предизвици, но и на огромен напредок.

Бајден конкретно ја наведе кампањата за масовна вакцинација против Ковид-19. Тој истакна дека 75 отсто од возрасните Американци сега се целосно имунизирани, во споредба со 1 отсто од времето кога неговата администрација ја презеде власта. Зборувајќи за пандемијата, тој рече дека е свесен дека Американците се фрустрирани од целата ситуација и нејзините последици за економијата.

„По речиси две години физички, емоционални и психолошки последици од оваа пандемија, за многумина од нас беше премногу. Некои луѓе можеби ова случување го нарекуваат „нова нормалност“, но јас ја нарекувам работа што сè уште не е завршена. Најдобрите денови на оваа земја се уште се пред нас, а не зад нас“, рече Бајден.

Тој посочи дека САД ќе истраат во напорите да се вакцинираат против коронавирусот бидејќи се покажало дека практиката функционира. Бајден додаде дека САД нема да се вратат на заклучување и затворање училишта и дека новата, омикронска варијанта не е причина за паника.

Бајден, исто така, се пофали со „рекордно отворање работни места“, „рекорден пораст“ на стапката на невработеност која сега изнесува 3,9%, што е повеќе од 6,4% пред една година.

Тој зборуваше и за односот со Русија и прашањето за Украина, нагласувајќи дека Москва ќе сноси одговорност доколку, како што наведе, ја нападне Украина.

„Ако Русија оди во Украина, тоа ќе има катастрофални последици. Претпоставувам дека Путин ќе се движи кон Украина“, рече американскиот претседател, додавајќи дека целосната инвазија на земјата, сепак, ќе предизвика одговор што скапо ќе ја чини Русија и нејзината економија. Бајден рече дека Русија подготвува акција во Украина, иако верува дека Путин се уште не донел конечна одлука. Американскиот лидер предложи на Русија да и биде ограничен пристапот до меѓународниот банкарски систем доколку ја нападне Украина.

Американскиот претседател, исто така, ги коментираше претстојните избори во 2024 година, истакнувајќи дека во истата функција повторно ќе ја избере својата сегашна потпретседателка Камала Харис. Иако ја отфрли промената на политичкиот курс, американскиот претседател вети дека „почесто ќе се среќава“ со Американците, предупредувајќи дека борбата против скокот на цените ќе бара „долгорочен“ напор.

Претседателот вети дека ќе објави големи делови од неговата огромна социјална реформа со поделба на планот од 1750 милијарди американски долари на неколку инвестициски проекти, особено во животната средина и образованието.

„Ако економската статистика е импресивна, инфлацијата е исто така спектакуларна и тоа е она што ги загрижува Американците денес. Борбата со оваа инфлација, на нејзиното највисоко ниво во речиси 40 години, ќе бара долгорочен напор. А до тогаш, тоа ќе биде болно за многумина луѓе“, рече Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе