Вести Свет

Американски сенатори и ветуваат оружје на Украина: „Путин направи грешка во кариерата“

Двопартиска група американски сенатори вети солидарност и оружје за време на посетата на Киев, предупредувајќи го рускиот претседател Владимир Путин да не започнува нова воена офанзива против Украина. Киев и неговите западни сојузници алармираат откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границите на Украина и изврши притисок врз САД за безбедносни гаранции, вклучително и блокада на пристапот на Украина во НАТО.

Русија негира дека планира нов воен напад. САД беа најмоќниот поддржувач на Украина во конфликтот со Москва по руската анексија на Крим во 2014 година и избувнувањето на војната во источна Украина.

„Мислам дека Путин ја направи најголемата грешка во својата кариера потценувајќи колку храбро народот на Украина ќе се бори против него ако тој изврши инвазија“, им рече на новинарите сенаторот Ричард Блументал.

„Ќе воведеме строги економски санкции, но уште поважно, ќе му дадеме на народот на Украина оружје, смртоносно оружје што му е потребно за да ги брани своите животи“, рече тој по средбата меѓу делегацијата и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тоа оружје може да вклучува противтенковски проектили Javelin, ракети Стингер, мало оружје и чамци, рече тој. „Нашата порака е: ќе има последици доколку тој одлучи да ја наруши светоста на оваа демократија“, додаде сенаторот Ејми Клобучар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе